Јаков Милатовиќ и Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Фејсбук

Во Бугарија го кудат Милатовиќ, велат дека „ѝ се приклучил на пропагандата на Скопје“

Изјавите на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ дадени при неговата неодамнешна посета на Македонија покажуваат дека тој „ѝ се приклучил на пропагандата на Скопје против Бугарија“, пишува денеска бугарски „Бгнес“.

Во текстот на медиумот се тврди дека црногорскиот претседател ги „повторил манипулациите и лагите“ поврзани со европскиот пат на Македонија, а тој се критикува за неговите оценки за процесот на евроинтеграција.

„Бгнес“ ја издвојува изјавата на Милатовиќ во која тој вели дека на Македонија ѝ е нанесена неправда во евроинтеграциите и дека билатералните спорови со соседите често претставувале главна пречка. Црногорскиот претседател рече и дека во неговата земја Македонците се доживуваат како близок и пријателски народ, додавајќи дека чувството за неправда е широко присутно кај граѓаните.

На бугарскиот медиум исто така не му се допаднале и позитивните оценки што Милатовиќ ги упати за претседателката Гордана Силјановска-Давкова и за владата предводена од Христијан Мицкоски, што според нив дополнително ја потврдува неговата позиција.

Милатовиќ за време на посетата на Скопје порача дека земјата се соочува со избор меѓу, како што рече, „да биде во право“ и да стане членка на Европска Унија, нагласувајќи дека одлуката останува на македонските институции и граѓани.

Реакциите од Софија доаѓаат кратко откако слични критики беа упатени и кон хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој во повеќе наврати јавно ја поддржа Македонија во контекст на нејзиниот евроинтегративен процес.

Милатовиќ ја пофали Македонија дека меѓу првите ја призна Црна Гора, а Сиљановска возврати дека меѓусебното разбирање „побрзо ќе нѐ одведе до ЕУ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот