Во Британија се одржува нивото на вработеност поради планот за поддршка на платите

Голем број економисти сметаат дека невработеноста оваа година би можела да се зголеми за повеќе од двојно, и да стигне до над 3 милиони, што последен пат во оваа земја е забележано во 1980 те.

Последните податоци покажаа дека планот за поддршка на платите во Велика Британија и понатаму е приина за одржување на нивото на вработеност и во време на мерките за ограничување на пандемијата од корона вирусот.

Канцеларијата за национална статистика соопштува дека стапката на невработеност во земјата изминатите три месеци од март до мај изнесува 3,9 отсто што значи дека е непроменета во однос на претходниот тримесечен период.

Ова е интересен податок со оглед дека британската економија во овој период претрпи еден од најголемите економски падови, како дел од напорите земјата да се справи со пандемијата од корона вирусот. До сега Британија избегна голем раст на невработеноста поради планот за задржување на работниците на своите работни места, при што владата плаќа голем дел од платите кои се задржани на работното место.

Се очекува невработеноста видливо да порасне наредните месеци, особено во октомври кога предвидено е планот на владата да заврши. Бројот на компании кои ја намалија вработеноста се зголеми последниот период, а Ербас и Ролс Ројс најавија големи намалувања на бројот на работници.

Голем број економисти сметаат дека невработеноста оваа година би можела да се зголеми за повеќе од двојно, и да стигне до над 3 милиони, што последен пат во оваа земја е забележано во 1980 те.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот