Во Бразил речиси 600 смртни случаи и над 26 илјади заразени за едно деноноќие

epa08718889 People relax on Leme beach on a sunny day in Rio de Janeiro, Brazil, 03 October 2020. EPA-EFE/Marcelo Sayao

Бразил во последните 24 часа регистрираше 599 смртни случаи од последиците на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек заразени се уште 26.310 лица, пренесува Гардијан.

Толпа луѓе на плажа во Рио де Жанеиро, Бразил, 03 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/Marcelo Sayao

Во таа земја вкупно 4,9 милиони луѓе биле заразени, а 145.987 лица починале како резултат на новиот коронавирус.

Бразил е на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и на трето место според бројот на заразени, по САД и Индија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот