Во битолско Могила пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

граната
Граната/Фото: МИА

Во битолското село Могила вчера е пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна.

-Вчера во 13:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Могила при ископ била пронајдена неексплодирана граната, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека гранатата од Првата светска војна со калибар155 мм. е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот