Во БиХ уапсени 10 криумчари на мигранти

Полицијата во Босна и Херцеговина досега уапсила најмалку десет лица за кои е утврдено дека се членови на криминални групи поврзани со криумчарење мигранти, изјави министерот за безбедност на БИХ, Ненад Нешиќ.

Тој рече дека во БиХ дејствуваат најмалку шест вакви организирани криминални групи, што вчера го потврди и хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ за време на обиколката на меѓудржавна граница во придружба на новинари.

„Ова е всушност нашата информација, која со медиумите ја сподели Дирекцијата за граници на МВР на Хрватска. Нашите безбедносни агенции веќе работеа на тој план. Одреден број лица се уапсени, а одреден број од нив ќе бидат екстрадирани“, рече Нешиќ и додаде дека има најмалку десет такви лица, а некои од нив ги бара Србија.

Министерот тврди дека соработката со полициите на Хрватска и Србија е добра и дека безбедносните агенции од Босна и Херцеговина заедно со нив работат на неутрализирање на криминални групи составени од вооружени мигранти.

„Во наредниот период ќе спроведеме нови акции и ќе имаме резултати. За жал, мигрантската криза го фаворизираше развојот на „бизнисот“ со криумчарење луѓе и за тоа се земаат парични износи кои не се толку мали. Тоа претставува нова гранка на организиран криминал“, предупреди министерот за безбедност на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот