Во Беровско и Пехчевско отстрел на диви свињи како превенција од африканска чума

Фото: МИА

На три ловишта во Беровско и на едно во општина Пехчево денеска се заловуваа диви свињи, согласно препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

-Акцијата се спроведе во ловиштата Ратевска река, Џами Тепе и Палазлија, како и во Сараево. Месото од отстреланите диви свињи ќе се чува во посебен фрижидер додека се добијат резултатите од анализите – информира беровската Подружница на ЈП „Македонски Шуми” која стопанисува со овие ловишта.

Во ловот учествувале ловџии со претходно обезбедена уредна документација за вршење санитарен отстрел на дива свиња. Од секоја отстрелана дива свиња ловџиите имаа задолжение да испратат примерок во АХВ, за да се утврди дали животното е заразено со африканска свинска чума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот