Во Берлин се одржува референдумското гласање за забрзана климатска неутралност

Берлин/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Берлин се одржува референдумското изјаснување за забрзано постигнување климатска неутралност, јави ДПА.

Иницијаторите на референдумот сакаат германската престолнина да стане климатски неутрална до 2030 година, а не до 2045 година како што беше претходно планирано.

За овој предлог да стане закон, мнозинството гласачи на референдумот мора да одговорат потврдно на прашањето дали ја сакаат промената. Дополнително, за референдумот да биде правно обврзувачки, најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас мора да гласаат „за“. Тоа значи дека за успех на референдумот се потребни околу 608 илјади гласови „за“.

Гласачките места на кои жителите на Берлин ќе можат да гласаат на референдумот се отворени во 08:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 18:00 часот.

Право на глас имаат 2,4 милиони луѓе.

Не е јасно дали е можно Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, забележува ДПА.

Германија планира да стане климатски неутрална до 2045 година, а Европската Унија до 2050 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот