Во Белград уапсени тројца македонски државјани осомничени за тешки кражби

Крадец / Фото: Профимедиа

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби” и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот