Фото: apartmani-u-beogradu.com

Во Белград отстранети речиси сите сплавови на Сава и Дунав

Речиси сите сплавови се отстранети од бреговите на реките Сава и Дунав во Белград. Сликата драстично се разликува од онаа што можеше да се види пред само неколку месеци, во екот на летната „сезона“ на сплавовите. Отстранети се вкупно 120 објекти, пишува РТС.

Во блоковите на Нов Белград беа отстранети повеќе од 70 објекти, а во план е да бидат поставени вкупно 30, чии сопственици ги добија локациите на лицитацијата.

Соња Божовиќ од Секретаријатот за инспекциски надзор на Град Белград вели дека сопствениците кои ги добиле локациите склучиле договори со Градот и дека нивните сплавови во моментов се поставуваат на одобрените локации. Оние кои не добиле, од надлежната инспекција добиле решение за отстранување на објектот, додава Божовиќ.

Сите сплавови се отстранети од Бранковиот мост до устието на Дунав и Сава, а тука нема да се дозволи да се поставуваат нови.

Божовиќева потсетува дека сите дивопоставени сплавови се отстранети во населбата Дорќол, кај СРЦ „Милан Гале Мушкатировиќ“, и додава дека оние што добиле дозволи ќе бидат поставени во наредниот период. Како што додаде таа, ќе се почне со уредување на Дунавскиот Кеј во Земун, од хотелот „Југославија“ до ресторанот „Венеција“, а ќе се отстранат и сплавовите кај Белградскиот Саем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот