Во Белгија уапсени седум лица сакале да украдат 10 тони запленет кокаин

Белгија полиција / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Седум холандски државјани се уапсени денеска во Белгија, осомничени за обид за вооружен грабеж на десет тони запленет кокаин од магацин во регионот на Антверпен, соопшти обвинителството.

Кокаинот бил запленет во вторникот на пристаништето Антверпен, но од практични причини контејнерот со дрогата бил однесен во магацин на околу 25 километри од пристаништето.

Полицијата со помош на очевидци кои забележале комбе со холандска регистрација и закана за чуварот на контејнерот, успеала да ги уапси Холанѓаните. Во нивното возило било пронајдено оружје.

Пристаништето Антверпен стана главна влезна точка во Европа за кокаин од Јужна Америка во последниве години.

Во тоа пристаниште минатата година биле запленети речиси 109,9 тони кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот