Во Австралија ќе се лечат ментални нарушувања со МДМА и псилоцибин

Халуциогени печурки
Халуциогени печурки/ Фото content_dealer / Alamy / Alamy / Profimedia

Австралија стана првата земја во светот која официјално го призна псилоцибинот како лек. Новите мерки кои стапуваат на сила во јули, им овозможуваат на одобрените психијатри да препишуваат МДМА за посттрауматско стресно нарушување и псилоцибин за депресија отпорна на третман.

Но, како што наведуваат тамошните медиуми, ова не значи бесплатна употреба за сите. Наместо тоа, супстанциите ќе се користат внимателно, со различни заштитни мерки во текот на целиот процес, што е разумен и неопходен пристап за внесување на психоделиците во мејнстримот.⁠

„Треба да направиме некои бебешки чекори наместо еден огромен скок“, рече Винеј Лакра, вонреден професор на Кралскиот колеџ за психијатри во Австралија и Нов Зеланд.

„Значи, ова е бебешки чекор во вистинската насока и она што го прави е да ни овозможи да ги правиме работите на соодветно безбеден начин за секого и доколку е потребно да направиме и чекор назад“.

Мајк Маскер, истражувач за ментално здравје и превенција од самоубиства на Универзитетот во Јужна Австралија, го поздрави потегот како „долгоочекуван“.

„Кај многу луѓе кои доживеале ПТСД (посттрауматско стресно растројство и депресија), особено армиски ветерани и луѓе кои работеле во службите за итни случаи, стандардните психијатриски лекови не делувале и не нудат олеснување“, потенцира Маскер.

Оваа вест доаѓа еден месец откако печурките станаа легални за употреба за возрасни во Орегон и само неколку месеци откако жителите на Колорадо гласаа за декриминализирање на псилоцибинот и другите психоделични лекови.⁠

Низ времето, психоделиците биле користени од домородните народи во Америка со милениуми, но западните истражувачи почнале сериозно да ги разгледуваат нивните потенцијални употреби дури во средината на минатиот век.

Ваквите дроги станаа симбол на контракултурните движења од 1960-тите, кога беа забранети.

Властите во Канада и САД се меѓу оние кои веќе дозволија медицинска употреба на MDMA и псилоцибин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот