Во Албанија вакцинирани над 62 отсто од планираните 2,2 милиони, заразата расте

Ковид-19 криза Албанија/ Фото: ЕПА

Од средината на јануари, кога почна процесот на имунизација против Ковид-19, до сега, во Албанија имунизирани се 62,4 отсто од планираните 2,2 милиони, со националната стратегија.

– Од почетокот на вакцинацијата вкупно 1.373.349 лица се имунизирани против Ковид-19 од кои 587.625 граѓани се ревакцинирани. Масовната вакцинација продолжува во вакциналните пунктови, во здравствени центри, поликлиники, како и преку мобилни единици во заедницата. Вчера беа аплицирани 7.230 вакцини а толкава бројка се очекува и во текот на денешниот ден, соопшти министерството за здравство и социјална заштита.

Потсетува дека во текот на месецов, кој е отворен месец за масовна вакцинација, сите граѓани можат да се вакцинираат без закажан термин, дека со себе треба да имаат само лична карта и да се јават за вакцинација секој ден од 08:00 – 20:00 часот.

Во меѓувреме во континутет расте бројот на заразени.

Според последно соопштените официјални податоци, вчера биле потврдени 658 случаи ли 100 повеќе од претходниот ден, починале две лица, со што вкупната бројка на починати достигна 2.477, моментно активни на болеста се 5.129 а болнички, во инфектвната клника во Тирана, која засега е единствен ковид-центар, се третираат 73 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот