Во Албанија регистрирани девет нови случаи, вкупно 51 лице заразено со коронавирус

Фото: Профимедиа

Тројца од пациентите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти засега се во стабилна состојба.

Во Албанија потврденi се девет нови случаи на заразени со коронаврус, меѓу кои и еден лекар и три медицински сестри, со што бројот се зголеми на 51 лице.

-Во последните 24 часа се тестирани 31 сомнително лице, меѓу кои и здравствени работници. Позитивен е резултатот кај девет од тестраните, меѓу нив еден лекар и три медицински сестри во болницата „Шефќет Нроќи” каде што вчера беше потврден „Ковид-19″ кај двајца лекари. До сега тестирани се 563 лица при што потврдено е дека 51 лице е заразено.Од нив една жена од Драч на 11 март почина, рече Мира Ракацоли заменик министерка за здравство на редовната прес конференција.

Најголем број од заразените или 34 лица се од Тирана, шест се од Фиер, пет се од Драч (заедно со починатата жена), а по две лица се од Љушња, Елбасан и Рогожина.

Според Ракацоли, тројца од пациентите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти засега се во стабилна состојба.

-Го повторувам апелот до граѓаните да ги почитуваат препораките, да седат дома, да не одат во посета на болни, ниту во домашни услови, ниту во болниците. Посебен апел до оние над 70-годишна возраст: Ве молам седете дома, порача Ракацоли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот