Донација од Турција: БиХ денеска добива 30.000 вакцини „СиноВак“
Авион со 30.000 вакцини, донација од Турција, денеска треба да пристигне на сараевскиот аеродром, јави порталот Аваз. Пратката вакцини требаше да пристигне вчера, но тоа не се случи поради дефект на авионот. Вакцините беа донирани при посетата на членовите на Претседателството на БиХ на Турција на 16 март. Станува збор за кинески вакцини „СиноВак“.

