Внесувајте магнезиум и спречете ја појавата на рак на дебелото црево

магнезиум Profimedia
Фото: Профимедиа

Бројот на пациентите заболени од рак на дебелото црево расте од ден на ден, така што оваа болест стана еден од најзачестените видови на карциноми.

Најчесто се појавува кај лицата постари од 50 години, а досегашните истражувања покажале дека настанувањето на ракот на дебело црево можете да го спречите со усвојување на поздрави животни навики, особено на прехранбените.

Последните истражувања покажале дека лицата, кои дневно внесувале 100 мг магнезиум, имаат 19 отсто помал ризик од настанување на рак на дебелото црево. Магнезиумот особено се покажал делотворен кај учесниците кои биле со прекумерна телесна тежина и постари од 55 години.

Магнезиумот се покажал поделотворен и во превенцијата и лекувањето на другите видови рак, а едно истражување на европските научници покажало дека со секојдневниот внес на 100 мг магнезиум можете да го намалите ризикот од настанување на ракот на панкреас.

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 хемиски процеси во телото и е присутен во секоја клетка. Ниското ниво на магнезиум е поврзано со зголемен ризик од настанување на канцерогените клетки. За жал, голем број луѓе не внесуваат адекватна количина магнезиум, а недостатокот на магнезиум е поврзан со зголемен ризик од настанување на следните болести:

– депресија
– синдром на хроничен замор
– АДХД
– епилепсија
– Паркинсонова болест
– проблеми со спиењето
– мигрени и главоболки
– остеопороза
– болки во градниот кош (ангина пекторис)
– срцева аритмија
– коронарна артериска болест и атеросклероза
– хипертензија (висок крвен притисок)
– дијабетес тип 2
– астма

Магнезиумот во исхраната најлесно го внесуваме преку зелениот зеленчук, житарките од цело зрно, оревите, сојата, гравот, пченката и месото. Зелениот лисест зеленчук (кељ, брокули, спанаќ) содржи хлорофил кој е особено добар извор на магнезиум. Водата е значаен извор на магнезиум, посебно во пределите кадешто водата е „тешка“, односно има зголемена содржина на минерали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот