ВМРО-НАРОДНА: Се врши големо обезоружување на РС Македонија со донациите во оружје за Украина

ВМРО Народна партија/Лого

Во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Северна Македонија и подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија па, ВМРО-Народна партија сака да ја потести македонската јавност дека сто проценти од ова оружје е набвавено од Владата на господинот Георгиевски, која патем нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ, дел како подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена од Украина.

Сакаме да ја потсетиме македонска јавност дека југословенската армија под конторола на Слободан Милошевиќ претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направи најголемиот грабеж во историјата на нашата држава.

Исто така сакаме да нагласиме, кога сега читаме дека за осум хеликоптери ќе бидат потрошени над 200 милиони евра, потестуваме дека сите авиони и хеликоптери кои беа купени во тоа време не ја надминуваа цената од 20 милиони евра па и покрај сето тоа тогаш трпевме критика дека сме купиле старо оружје по многу скапа цена.

ВМРО-Народна партија поддржувајќи ја политиката на поддршка на Украина исто така апелира дека ова е и едно големо обезоружување на нашата држава и дека Република Северна Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несероизно е Косово да има поголема воена техника отколку Северна Македонија.

ВМРО-Народна партија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот