ВМРО-ДПМНЕ: Рекацијата на СДС за скандалот во МВР сведочи дека Спасовски нема аргументи

СДС реагира за скандалозниот тендер во МВР. Тоа покажува дека МВР нема аргументи да се одбрани за оваа афера, но покажува и дека СДС владее со МВР. Очигледно Спасовски се крие да одговори за тоа како му дава бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал, во услови кога МВР има свои кујни кои може да ја дадат истат услуга.

Дополнително со овие тендери Оливер Спасовки плаќа многу поскапо отколку кога МВР набавувало нивната кујна сама да ја обезбедува услугата. Односно Спасовски плаѓа по 4,5 милиони евра годишно, а пред овој тендер истата услуга го чинела МВР само 3.3 милиони евра кога самите ја приготвувале храната. Зошто Спасовски и МВР овозможуваат некому екстра профит од над 1,2 милиони евра?

Исто така МВР на целиот овој бонбона бизнис му признава 15% транспортни рошоци, што го прави уште помурсен тендерот и профитот на компанија уште поголем.

Спасовски освен што се крие од одговорите, се сокрил и кога овој тендер бил склучен. Ако се е чисто, како што велат од СДС, тогаш зошто Спасовски лично не го потпишал договорот за јавната набавка како што е редот, туку се сокрил зад овластувањата на Андријана Савевска.

Криминалот кој што се случува во МВР е епски. Оливер Спасовски ќе треба да одгвоори , но и да одговара за овој и за десетиците скандали. Времето за одговорност доаѓа многу скоро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот