ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски наместо да чека интервју досега требало да бара екстрадиција за Палевски од Ердоган

Пендаровски и Ердоган / Фото МИА

Наместо да чекал интервју каде ќе соопшти дека ќе бара од Ердоган екстрадиција од Палевски, тоа до сега требало да го направи, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавата на претседателот, Стево Пендаровски дека ќе му испрати порака на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за побрза екстрадиција на првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо.

„Аналитичарот Пендаровски 5 години не успеа да создаде авторитет кај СДС и ДУИ кои очигледно не го регистрираат, наместо по телевизии да се надева дека нема да му праќаат закони со европско знаменце, подобро ќе беше јавно на прес конференција да го изрази своето негодување со ноншалантниот однос на власта и злоупотребата на европското знаменце за секој закон од кој имаат бизнис интерес”, реагираат од опозициската партија.

Во однос членовите на Судскиот Совет, наместо мислења дека било добро, треба да им се извини на граѓаните, зошто тој пет години е дел од луѓето кои се заслужни за довербата од 2% во судството, се вели во реакцијата за интервјуто на Пендаровски кое беше емитувано вечерва на МРТ 1.

Стево Пендаровски ќе разговара со Ердоган за есктрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Палчо работеше на проруска агенда во земјава и со високи великодостојници на МПЦ, вели Пендаровски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот