ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Владата на СДСМ ја отстрани обвинителката Кадриу за да спаси функционери од кривично гонење

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поранешното раководство на СДСМ, со Зоран Заев и со Венко Филипче на чело, ја отстранило обвинителката Лејла Кадриу од функцијата со цел, како што наведува, да се спречи кривична одговорност за дел од тогашната владејачка структура.

Од партијата посочуваат дека Кадриу била тргната токму во период кога постапувала по предмет поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 луѓе.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одлуката за нејзина суспензија била донесена за да се избегне, како што тврдат од партијата, можноста „дел од тогашната влада да одговара кривично“.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека неодамнешните јавни настапи на Кадриу дополнително ги зајакнуваат сомнежите за политички притисоци врз обвинителството и укажуваат дека во тој период институциите биле под силно партиско влијание.

Цветановски, Биковски, Топалова-Исајловска – имиња кои се споменуваат за наследник на Коцевски

Партијата побара одговорност за, како што вели, „политичко мешање во работата на правосудството“, повторно посочувајќи ги Заев и Филипче како лица што, според нив, стоеле зад ваквите одлуки.

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, рече дека, според наводите на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, таа била суспендирана откако почнала да ја истражува трагедијата во модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 луѓе. Тој тврди дека пред трагедијата биле направени законски измени со кои било олеснето поставувањето на модуларните болници, „наместо да се унапредат безбедносните стандарди во постојните здравствени објекти“.

Тој тврди и дека постојат сериозни сомнежи околу начинот на трошење на средствата за модуларните болници и побара одговорност од поранешното раководство на СДСМ.

Засега од СДСМ нема официјален одговор на овие обвинувања.

Вечерта на 8 септември 2021 година избувнал пожар во модуларната болница за Ковид-19 пациенти во Тетово. Во пожарот загинале 14 луѓе, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите. На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

Битката за јавен обвинител со јавни напади и закани за разрешување – и Панчевски ќе се пресметува со Ристоска!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот