ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандалозен тендер за набавка на мамографи – Слободен печат
ВестиМакедонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандалозен тендер за набавка на мамографи

Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи. Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари!

Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.

Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.

Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори.

Зошто дупло поскапи мамографи?

Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер?

Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма?

Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?

Знаеме Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има.

Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close