ВМРО-ДПМНЕ ќе го отстрани обезбедувачот кој што нападна полицаец од тимот на Мицкоски

ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Лична нетрпеливост била причината за тепачката помеѓу полицајците синоќа пред угостителскиот објект и тој ќе биде отстранет од обезбедувањето на престеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти партијата по информацијата дека Ивица. Б. од обезбедувањето на Мицкоки нападнал полицаец.

-Споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отсрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со претсдателот на партијата. Бараме органите, без заддршка да ги превземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнителниот министер во МВР Митко Бојмацалиев информацијата ја објави на Фејсбук и побара професионално да се расветли случајот.

Од МВР ја потврдија информацијата.

На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот