Прес-конференција на Левица / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали сега Апасиев ќе побара од Мециновиќ да поднесе оставка од пратеник како што бараше претходно?

Од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа претседателот на Левица, Димитар Апасиев, дали ќе побара од Амар Мециновиќ да поднесе оставка од пратеничката позиција откако денеска се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно.

Владејачката партија потсети дека токму Апасиев во минатото барал од пратеници кои се кандидирале на локалните избори да поднесат оставка од Собранието. Велат дека очекуваат Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да поднесе оставка.

Претходно денеска Апасиев на прес-конференција објави дека кандидат на партијата за градоначалник на Скопје ќе биде Амар Мециновиќ, актуелен пратеник и поранешен советник во Градот.

Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Град Скопје на Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот