Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Град Скопје на Левица
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на прес-конференција објави дека кандидат на партијата за градоначалник на Скопје ќе биде Амар Мециновиќ, актуелен пратеник и поранешен советник во Градот.
Препорачано
Апасиев најави рекордно учество на Левица на претстојните локални избори.
„На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Имавме 38 советнички листи, а сега ќе бидат над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија“, рече тој.
Мециновиќ, кој досега беше и портпарол на Левица, посочи дека неговите приоритети како иден градоначалник ќе бидат јавниот транспорт, чистотата во градот, усвојувањето на нов Генерален урбанистички план и борбата против загадувањето.
„Јавниот превоз ќе ни биде примарен приоритет. Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. На нивна страна се парите и моќта, но за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје“, изјави Мециновиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
26мин
-
55мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


