ВМРО -ДПМНЕ: Дали Арсовска и СДС прават хаос за превозот да го преземе бугарска фирма

Протест на приватните автобуски превозници / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Единствени кои што има бизнис интереси во град Скопје се тандемот Тачела (Ковачевски и Арсовска), пишува во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ

„Еден од стожерите на тандемот Тачела и коалицијата на неврзаните (СДС, Левица и ДУИ) е и договорот за набавка на гориво за ЈСП од енормни 27 милиони евра. Без попуст од 6 денари, како што до сега било пракса. Овој договор го потпишува Алексансар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС, назначен од Арсовска. И само од овој договор, заради немањето попуст буџетот на претпријатието е оштетен 1.4 милиони евра.Доколку во договор за набавка на горивото кој ЈСП го склучува со Пуцко Петрол имаше попуст од 6 денари, ќе имаше пари за приватните превозници.ЈСП е под целосна контрола на СДС. И договорот за набавка на гориво е дел од договорот за коалиција помеѓу Ковачевски и Арсовска.Арсовска и СДС треба да одговорат дали го прават целиот хаос во градот, за наместо приватните превозници, превозот да го земе бугарска фирма.Дали целиот хаос е намерно креиран за да се преземе превозот од приватните превозници и да се даде на некој по мерка на Арсовска?Дали скопјани се жртва на нечии бизнис интереси?“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Претходно од владејчката СДСМ соопштија дека повлекувањето на директорот на здружението, Ленин Јовановски од протестите е „само игра на ВМРО-ДПМНЕ“ и дека блокадите на Скопје и хаосот со јавниот превоз се политичка режија на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

„Заради лични и бизнис интереси, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво го држат главниот град.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш.Теророт врз граѓаните мора да престане веднаш, а Мицкоски треба да се сокрие од срам за тоа што свесно и намерно му го прави на градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Првиот човек на здружението на приватни автобуски превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, денеска најави дека лично се повлекува од протеститеи блокадите во Скопје – ќе ги остави самите превозници да протестираат бидејќи неговото име се користело за политички цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот