Вљубени како во младоста: Голди Хоун ја откри тајната како се одржува љубовта и по 38 години заедно

Instagram

Секогаш кога се појавуваат заедно во јавност, љубовта, среќата и заедништвото едноставно зрачат од нив. Тие се запознале уште во 1984 година и оттогаш се неразделни.

Иако никогаш не стапиле во брак и како што велат и немаат таква намера, Курт Расел (69) и Голди Хоун (75) се еден од најсветлите љубовни приказни во Холивуд.

Instagram
Instagram

Иако честопати ѝ го поставуваат ова прашање, зашто сите ги интересира која е тајната на нивната долгогодишна среќа, Голди секогаш воодушевува со своите одговори.

Instagram
Instagram

Овој пат во едно радио интервју, таа откри како ја одржува „искрата“ уште од почетокот на нејзината романса со актерот Курт Расел.

Клучното прашање што сите парови треба да си го постават е дали навистина сакаат да бидат со таа личност. Одговорот секогаш носете го во себе. Ако двајца луѓе навистина сакаат да бидат заедно, нема ништо што може да ја уништи таа врска. Секогаш треба да се славите еден со друг, да се изненадувате од мали нешта и од својата врска да направите една мала бајка и свет за себе“, вели  Голди.

Instagram
Instagram

Таа обасни како ја одржува својата врска со Курт, која започнала уште на снимањето на филмот „Swing Shift“ во 1984 година.

Ние се стремиме секогаш да правиме нешто ново и поразлично. Излегуваме од дома кога ни дозволуваат околностите. На планина, море и многу се смееме. Важно е понекогаш да се оддалечите од децата, да имате време за себе. Понекогаш направете нешто сосема неочекувано, изнајмете соба во хотел. На тој начин, вашата врска ќе живее, а вие ќе бидете среќни“, рече Хоун.

Instagram
Instagram

И покрај нивната среќа, Курт и Голди не размислуваат за брак. Тие се во врска 38 години, што ги прави еден од најдолговечните парови во Холивуд.

Едноставно ми се допаѓа идејата да бидам девојка на Курт. Среќни сме и вака, без потпис на хартија“, вели актерката.

Instagram
Расел, Голди со нејзината ќерка Кејт Хадсон / Instagram

Познатата актерка пред Расел беше во брак со Бил Хадсон со кого ги доби Кејт Хадсон и синот Оливер Хадсон. Расел, пак, го има синот Бостон со поранешната партнерка Сезон Хубли, додека со Голди го имаат синот Вајат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот