Влатко Грозданов, Кочани / Фото: Фејсбук

Владко Грозданов е новиот градоначалник на Кочани

Општина Кочани го доби својот нов градоначалник по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025. Според конечните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, обезбеди убедлива победа.

Со обработени сто проценти од гласачките места, Грозданов освои 52,71% од гласовите, додека неговиот противкандидат, Венко Крстевски од Групата избирачи (ГИ), доби 42,31% од гласовите, односно 5.914 гласа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот