Влатко Ѓорчев / фото: Инстаграм

Влатко Ѓорчев: Во времето на ВМРО имаше Евровизија, сега нема леб, струја, масло…

Поранешниот долгогодишен пратеник во Собранието (2006-2020) и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на Фејсбук напиша објава во која се осврнува на веста дека Македонија, поради енергетската и економската криза, нема да испрати претставник на натпреварот за Песна на Евровизија следната година.

„Со ВМРО имаше Евровизија. ?? Сега нема леб, струја, масло… Толку е постот“, напиша Ѓорчев.

Инаку, Ѓорчев лани во ноември преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од политиката и преминува да работи во „реалниот сектор“. Медиумите подоцна пишуваа дека тој отворил фирма за маркетинг и трговија, но Ѓорчев сепак не се повлече од политиката и беше активен летово за време на вонредните локални избори во Тетово, а минатиот месец замина и во посета на САД, каде се сретна со бивши европски политичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот