И Влатко Ѓорчев беше во Њујорк, ама на самитот „Конкордија“ – се сретна со бивши европски функционери

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на самитот „Конкордија“ во Њујорк, информираа од партијата.

Во рамките на самитот, Ѓорчев во Њујорк се сретнал со неколкумина бивши политичари од европски земји, кои доаѓаат од десничарски и конзервативни партии: Жозе Мануел Баросо, поранешен премиер на Португалија и претседател на Европската комисија во два мандати (2004 – 2014), со поранешниот премиер на Шпанија Хосе Марија Аснар, со кого зборувал за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и неговата партија, Партидо популар.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев се сретнал и со Хеле Торнинг-Шмит, поранешната премиерка на Данска и актуелна членка на бордот на Атлантскиот совет од Вашингтон и Советот за надворешни работи од Њујорк.

„На Самитот Ѓорчев имаше одличен разговор со Колинда Грабар Китаровиќ, експретседателката на Хрватска. Ѓорчев ја информираше за состојбите во Македонија и се заблагодари на нејзиното пријателство кон Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот