Влатко Андоновски заминува од клупата на САД

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Maкедонецот Влатко Андоновски повеќе не е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, објави „ЕСПН“.

Андоновски заминува од кормилото на САД по неуспешниот настап на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. САД го заврши турнирот уште во осминафиналето што секако беше разочарување за оваа селекција.

Елиминацијата во осминафиналето беше најрана елиминација за женската репрезентација на САД во историјата, па ваквата одлука која набрзо треба да биде и официјализирана е очекувана.

Според најавите, Андоновски веднаш ќе продолжи со работа во женскиот клупски фудбал во САД и тоа во тимот на Канзас Сити кој го водеше од 2013. до 2017. година. Селектор на САД Андоновски беше од 2019. Година и во изминатиот период не успеа да освои трофеј, најголемиот успех го оствари со бронзениот медал на Олимписките игри во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот