Властите во проруските региони во Украина ги објавија првите резултати од гласањето за отцепување

Луганск-референдум
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Проруските власти во четирите украински области објавија дека според првичните резултати од референдумот, по пребројани 20 до 27 отсто од гласовите гласачите со огромно мнозинство одлучиле за приклучување кон Русија, пренесуваат руските агенции.

Во сите четири региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, меѓу 96 и 98 отсто од гласачите гласале „за“ припојување кон Русија на референдумите, кои меѓународната заедница ги осуди и најави дека нема да ги признае. Податоците за толку високи гласови за анексија се засноваат на 20 до 27 проценти од гласовите, јавуваат агенциите Риа Новости, Тасс и Интерфакс, пренесува АФП.

По региони: 97% од гласачите во Херсон, 98% во Запорожје, 98% во Доњецк и 98% во Луганск гласале за отцепување од Украина.

Западните медиуми проценуваат дека кога ќе се пребројат сите гласови, поддршката за приклучување кон Русија ќе изнесува околу 80 до 90 проценти. По ова, сепаратистите треба да поднесат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин за приклучување на територијата на Русија.

Четирите региони сочинуваат околу 15 отсто од Украина, а заедно имаат територија приближно со големина на Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот