Власта најде начин да ја прескокне опозицијата за ревизијата на судските предмети?!

Фото: МИА

Се заокружува изгледот на најавената ревизија на 5% од судските предмети што застареле или се пред застарување, брифираат за Слободен печат инволвирани во процесот. Неофицијално, се воделе интензивни контакти помеѓу Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и Министерството за правда, кои решиле работата на судиите и обвинителите да ја чешлаат токму советите, а целосниот план би бил претставен на почетокот на наредниот месец.

Согласно начелната рамка, најверојатно барањето поддршка од опозицијата за целокупниот процес отпаѓа од игра, барем формално, бидејќи, според информациите, власта правнички ќе ја официјализира ревизијата преку Акционен план. На овој начин, преку Владата, се заобиколуваат кревкото парламентарно мнозинство и собраниските процедури, кои беа прилично веројатни според првичната најава за ревизијата на застарените предмети, односно истата да се „озакони“ преку измени во законите за Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. 

Од Министерството за правда претходно истакнаа дека пред се со ревизијата треба да бидат опфатени предметите од висока корупција и организиран криминал, односно да се утврди зошто се пред застарување и дали е употребен преголем временски период за истрага и процесуирање на пријавите, ставајќи го акцентот на предметите што ги води Обвинителството на чие чело е Вилма Русковска и оние кои се отпочнати од СЈО, без да бидат ставени во втор план и делата од граѓанските судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот