Владиката Тимотеј се огради од изјавата на Агатангел: Синодот не поддржува ниедна партија

Тоа е личен став на владиката, вели портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј во изјава за „Слободен печат“

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј во изјава за „Слободен печат“ се дистанцира од изјавата на владиката Агатангел, кој вчера по повод празниот Свети Трифун испрати политичка порака, дека „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и оти верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Владиката Тимотеј вели дека личниот став на владиката Агатангел не е став на МПЦ -ОА.

– Тоа е личен став на владиката. Не можам да предвидам дали и што ќе преземе Синодот  за изјавата на владиката, не сум гатач. Но со тоа што велам дека станува збор за лични мислења, значи дека Синодот се дистанцира од неговата изјава. МПЦ е национална, божествена и човечка црква која ги обединува и не ги дели луѓето. Ние не можеме да бидеме поддржувачи на ниедна партија – ни изјави владиката Тимотеј.

Ѓорѓевски: Агатангел направи сериозен истап и го наруши принципот на секуларност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот