ВИДЕО: Скандалозен говор на владиката Агатангел, ја благослови „најсветата партија ВМРО-ДПМНЕ“

Фото: ТВ24/принтскрин

Митрополитот на повардарската епархија на МПЦ-ОА, Агатангел, денеска на традиционалниот настан во Квадарци, покрај молитвите за богат род по повод празникот Свети Трифун, одржа и политички говор во кој упати благослов за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „да врати сѐ што Македонија изгубила во изминатиот период“.

Тој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече „нашиот претседател“ за кого „верува оти со помош од Бога и Богородица ќе го врати назад она што е свето македонско и национално“. Првин со него (Мицкоски), рече владиката, а потоа и со божја помош. Нема да дозволиме, порача Агатангел, некој што не ја чувствува Македонија да ја одредува судбината на нашата земја.

„Сакам, можеби некој ќе ми замери, но еве некој вчера зборуваше да не зборуваме и да не гледаме на состојбите што ни се случуваат со емоции. Но, ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја.

„И затоа, примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја“, рече владиката.

ВИДЕО | Милевски: Владиката Агатангел ја извалка мантијата, тој е срам за Црквата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот