Реакции откако Агатангел го воспеваше Мицкоски: Тажно и срамно

Митрополитот Агатангел / фото: ТВ24/принтскрин

Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов денеска го коментираше контроверзниот говор кој пред верниците во Кавадарци до одржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел, кој ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „најсвета партија“ и се помоли Господ и Богородица да му помогнат на Христијан Мицкоски „да врати сѐ што Македонија изгуби во изминатиот период“.

„На човекот треба да му биде дозволено за Свети Трифун само да собира прачки а не да држи говори. Прашање е само дали и за тоа го бива. Тој главно ги погани работите. И само Мицкоски не гледа во тоа проблем. А, тој што во тоа не гледа проблем, и самиот е проблем, пишува Спасов во својот коментар на Фејсбук.

Свој став во врска со денешните изјави на владиката даде и професорката Ана Павловска Данева.

„Многу тажно и срамно кога поп се бави со политикантство. Без оглед за која партија одработува!“, напиша професорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот