Ѓорѓевски: Агатангел направи сериозен истап и го наруши принципот на секуларност

Сериозен истап со кој се нарушува принципот на секуларноста во државата. Отворено и директно мешање во политиката, фаворизирање на една политичка партија и поделба меѓу граѓаните. Ова е оцената на новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски за изјавата на владиката Агатангел, кој по повод празникот Свети Трифун испрати политичка порака, дека „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата“ и оти верува дека „Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално“.

– Владиката Агатангел вчера направи еден сериозен истап со кој се наруши уставниот принцип на секуларноста во државата. Ова посебно го мислам во однос на неговите зборови со кои тој, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ја квалификува како „најголема и најсвета партија“, именување на партискиот лидер Христијан Мицкоски како „наш претседател“. Тоа е отворено и директно мешање во политиката, фаворизирање на една политичка партија, искажување на партиска определеност на еден црковен великодостоинственик, правење на поделба меѓу граѓаните врзо основа на партиска определба… Сето ова не му доликува на еден црковен достоинственик кој треба да биде духовен лидер во чијашто душа и срце ќе има место за сите граѓани и субјекти во општеството. Мислам дека, досега, не сме имале вакви примери на искажување на партиски определби кај еден црковен достоинственик кој употреби и тешки метафори за другите партии – вели за „Слободен печат“  новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски.

Тој објаснува дека и досега верски достоинственици присуствувале на партиски конгреси, на собири, што е индикативно но, не и недозволиво. Ѓорѓевски смета дека ваквата пракса на владиката Агатангел мора да престане доколку тој навистина сака да биде духовник кој ќе биде прифатлив и кој ќе се грижи за сите граѓани кои се од различна политичка провиниенција.

– Тој треба да сфати дека на ваков начин прави уште подлабоки поделби во нашето, и онака длабоко, поделено општество – вели Ѓорѓевски.

Владиката Тимотеј се огради од изјавата на Агатангел: Синодот не поддржува ниедна партија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот