Владата одобри 10 милиони евра за инвертори

Вкупно 10 милиони евра одобрува владата за набавка на клими инвертори за семејства од Тетово, Битола, Кичево и Скопје. Владата соопшти дека се одобрени по 1.000 евра за набавка на инвертери. Целта е да не се користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

– За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена – соопштија од Влада.

Од владата го поканиле Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на мерката.

Во меѓувреме, веќе почна грејната сезона, а граѓаните набавуваат дрва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот