Владата на Србија го потпиша и последниот документ за набавка на лекот против корона „ремдесивир“

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за согласност за добивање на лекот Ремдесивир, кој се користи во лекување на пациенти со ковид-19 во рамките на Механизмот на договорот за заедничка набавка на медицински помагала.

Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Скодриќ, за РТС порано изјави дека Србија набави Ремдесивир и дека неговата дистрибуција е планирана за понеделник.

Студиите покажаа дека земањето ремдесивир пет дена може да го забрза закрепнувањето кај некои пациенти. Благодарение на активната состојка веклури овој лек стана баран во целиот свет. На 1 мај, САД издадоа итна дозвола за употреба на овој лек, а Ремдесивирот стана уште по популарен откако го прими претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп.

Сепак овој лек може да доведе до несакани ефекти како што се анемија и токсичност на црниот дроб и бубрезите. Доктор Пановски во разговор со Слободен печат рече дека за Ремдесивирот нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето. Тој нагласи дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства.

Пановски: Ремдесивирот е опасен и токсичен

Министерот за здравство Венко Филипче исто така потврди дека лекот „Ремдесивир“ го има и во Македонија и дека се употребува само за болничко лекување.

Лекот „Ремдесивир“ што лекува Корона не се продава во аптека

Слободен печат дозна дека граѓаните на Македонија Ремдесивирот и лекот Фавира го набавуваат „ремдесивирот“ на црниот пазар од Косово за 500 евра.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот