Владата го стави на дневен ред полнењето на Дојранското Езеро
Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов соопшти дека преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот за полнење на езерото и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ангов ги повика граѓаните да присуствуваат на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Дојранско Езеро, која треба да се одржи задутре.
-Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека Хидросистемот „Ѓавато“ мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање. Затоа сите заедно сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер, Дојранското Езеро – напиша Ангов.
Инаку, градоначалникот на Дојран одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро ја лоцираше во Министерството за животна средина и во повеќе наврати испрати барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на Хидросистемот „Ѓавато“.
Според денешните мерења на УХМР нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.


