Влада: Итно санкционирање на одговорните за настанот во Струга

Во соопштението од владината прес-служба се посочува дека настанот во Струга и поширокото подрачје во тој регион биле зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од коронавирусот и оти вчерашниот настан може да предизвика сериозни последици и да го подигне степенот на ризик по јавното здравје.

Владата најостро го осудува организирањето на верскиот настан во Струга и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје и бара итно да се лоцираат и казнат одговорните.

„Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на коронавирусот“, информираат од Владата.

Најавуваат дека на денешната итна седница ќе бидат разгледани можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга и на регионот и за можното прелевање на ризиците во други делови на земјата.

Во соопштението од владината прес-служба се посочува дека настанот во Струга и поширокото подрачје во тој регион биле зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од коронавирусот и оти вчерашниот настан може да предизвика сериозни последици и да го подигне степенот на ризик по јавното здравје.

„Владата на Република Северна Македонија ги повикува Министерството за внатрешни работи и обвинителството итно да лоцираат конкретна одговорност во рамки на сите институции и чинители кои имале каков било удел во организирањето или неспречувањето на овие настани. Владата го повикува министерот Чулев да престане со чекорите со кои го загрозува јавното здравје и да преземе одговорност“, се нагласува во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека во комуникацијата со верските заедници било договорено сите настани од верските календари да бидат прилагодени на вонредната состојба. Очекуваат и бараат и од МПЦ и од ИВЗ, да не преземаат никакви следни чекори за организација на какви било собири од верски карактер, се додека се на сила забраните и мерките за заштита на здравјето.

– Воедно, укажуваме на сите надлежни и одговорни лица во земјата кои од било каква причина би се осмелиле да организираат слични настани, дека ваквите дејствија можат да значат ширење на епидемијата за што се одговара согласно Уставот и законите, децидни се од Владата.

Уште еднаш апелираат до сите граѓани, институции и организации да се придржуваат до мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот