Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Мусака со кремаст горен слој

fejsbuk

Постојат различни рецепти за мусака, но грчката мусака е карактеристична по вкусниот кремаст горен слој. 

Грците ѝ пристапуваат на храната со мешавина од сериозност и носталгија, секогаш имајќи ја предвид храната со која пораснале. Тие не јадат за да живеат, туку живеат за да јадат. За нив оброкот е речиси секогаш социјална и посебна пригода, со акцент на првобитното значење на зборот „компанија“ (compagnia) – луѓе кои делат леб.

Во традиционалната грчка кујна неизбежна е грчката мусака, а ние ви го носиме оригиналниот рецепт.

Потребни намирици:

500 грама мешано мелено месо, 2 модри патлиџани, 3 компири, 3 домати, 1 главица кромид, 1 морков, 1 павлака, 200 грама фета сирење (мешавина од овчо и козјо), 1 дл млеко.

Подготовка

Исечкајте го кромидот, па со малку маслиново масло и вода издинстајте го. Додадете го месото и продолжете со динстањето. Кога месото ќе ја смени бојата, додадете зачини, уште малку оставете го на оган и потоа тргнете го од огнот.

Морковот исечкајте го во кругови, а модриот патлиџан на коцки. Во тавче загрејте масло, па коцките модар патлиџан пропржете ги.

Компирот излупете го, па исечете го на кругови.

Тавата за готвење намачкајте ја убаво со маслиново масло. Наредете прво еден ред компири, врз компирите ставете ред модар патлиџан, па морковите. Врз нив ставете го целото месо, врз месото ставете ред модар патлиџан, врз него ред компир.

Најпосле врз компирот ставете зачини, па наредете кругови од доматот.

Изматете ја павлаката со сирењето и со млекото и добиената смеса претурете ја врз мусаката.

Ставете да се пече на 200 степени додека убаво не порумени, околу час – час и половина, во зависност од количината.

Грчката мусака се служи врела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот