ФОТО | Oлицетворение на елеганција: Девојката на Леонардо Дикаприо го носеше италијанското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри
Италијанската манекенка Виторија Черети, која речиси три години е во врска со холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо, имаше почесна улога на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026. Церемонијата се одржа вчера, 6 февруари, на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, пишува „Пипл“.
Препорачано
Дваесет и седумгодишната Черети го носеше италијанското знаме и го предаде на почесната гарда на италијанските карабинери – Корацјери, непосредно по настапот на музичката ѕвезда Мараја Кери.

Манекенката, која потекнува од Бреша, град оддалечен околу 90 минути од Милано, се појави на крајот од свечената поворка, составена од учесници облечени во бело, црвено и зелено – боите на италијанското знаме. Таа носеше долга, бела тоалета од „Армани Приве“, изработена по мерка, со драматични долги ракави и висок околувратник.
Појавата на Черети предизвика големо внимание кај публиката. Дел од гледачите ја опишаа како „олицетворение на елеганција и префинета убавина“, додека други забележаа дека нејзината врска со Дикаприо дополнително ја внела во мејнстрим фокусот. Телевизиските коментатори за време на преносот ја споменаа и нејзината љубовна врска со актерот, нарекувајќи го „многу, многу познат актер“.

Да потсетиме, Виторија Черети и Леонардо Дикаприо првпат беа поврзани во јавноста пред речиси три години, кога беа снимени како танцуваат и се бакнуваат во ноќен клуб на Ибица.
Подоцна, во август 2024 година, двојката беше фотографирана и за време на заедничко патување во Италија, во друштво на блиски пријатели, меѓу кои и актерот Тоби Мегвајр. За време на одморот на Сардинија, Дикаприо наводно добил убод од медуза, а Черети, заедно со екипажот на јахтата, му помогнала.


