Витор Роке ја напушти Барселона и се пресели во Палмеирас
Бразилскиот фудбалер Витор Роке, кој е член на Барселона од 2023 година, потпиша петгодишен договор со Палмеирас, соопшти клубот од Сао Паоло.
Препорачано
Според шпанските медиуми, овој млад напаѓач кој беше позајмен во Бетис од Севиља се вратил во Бразил во трансфер вреден 25 милиони евра.
Палмеирас на социјалните мрежи го поздрави нивното ново потпишување, потврдувајќи го времетраењето на договорот, но не и споменатата сума на пари.
Претседателката на клубот од Сао Паоло, Лејла Переира изјави дека сумата која е платена за доаѓањето на Роке е „најголемата“ во историјата на бразилските клубови.
Роке важи за голема надеж на бразилскиот фудбал, а во Барселона се пресели зимата 2023 година за 30 милиони евра, со дополнителни бонуси. За каталонскиот тим одигра 16 натпревари и постигна два гола. Оваа сезона беше позајмен во Бетис каде одигра 33 натпревари и постигна седум гола.
– Едвај чекам да им се придружам на соиграчите и да бидам на теренот за да му помогнам на Палмеирас – изјави бразилскиот напаѓач кој денеска го слави својот 20 роденден.


