Вистинска поддршка за саканиот клуб: Членарина од милион евра

Навивачите на Хајдук - „Торцида“ предизвикаа нереди во Хрватска/ фото: EPA/SIMELA PANTZARTZI

Навивачите на Хајдук од Сплит, на истекот од 2002 година ги обновија годишните билети за 2023, со што клубот инкасираше неверојатни милион евра.

– Се ближи крајот на годината во која навивачите никогаш во поголем број не застанале зад Хајдук. Бројчаникот се заврте на почетокот на годината и никогаш не запре, па не застана ни кога паѓаа историски рекорди, а се нижеа нови и на крај имаме 90.480 членови. Навивачите, таа движечка сила на Хајдук, донесе најдобра сезона во последните десет години и од членарината во касата се слеаја преку еден милион евра. Благодариме на оваа незаборавна 2022 година, а наскоро тргнуваме заедно до тие 100.000 членови на Хајдук! Зашто го сакаме, зашто живееме за него и како одамна рече Биќе Младиниќ – невозможното, тоа е наша цел – објави Хајдук во благодарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот