Карл Лагерфелд и цртеж од неговата мачка / Фото: Jens Kalaene / DPA / Profimedia

Вистината за наследството на Карл Лагерфелд — дали Шупет навистина е најбогатата мачка на светот?

Мачката на Карл Лагерфелд стана светски симбол на луксузот и се најде во центарот на гласините за повеќемилионско наследство. Но, каква е вистината за славната Шупет?

Приказната за Шупет не наликува на ниту една друга приказна во светот на домашните миленици. Оваа синоока бурманска мачка успеа од обичен миленик да стане меѓународен симбол на престиж, модна икона и тема на безброј шпекулации за судбината на огромното богатство на легендарниот дизајнер.

Карл Лагерфелд, креативниот ум зад модните куќи „Шанел“ и „Фенди“, кој почина во 2019 година, живееше опкружен со префинет луксуз. Неговиот живот го следеа раскошни недвижности, вредни уметнички колекции и ретки антиквитети. По неговата смрт, светските медиуми проценија дека богатството му изнесувало стотици милиони долари, а вниманието на јавноста веднаш се насочи кон едно неочекувано име, неговата сакана Шупет.

Лагерфелд никогаш не ја криеше приврзаноста кон својата мачка. Ја нарекуваше „центарот на мојот свет“, патуваше со него во приватни авиони и имаше лични асистентки кои внимателно го бележеа секој детаљ од нејзиното секојдневие. Шупет јадела исклучиво од порцелански чинии од највисока класа, била ѕвезда на престижни модни кампањи и стекнала огромна популарност на социјалните мрежи, каде ја следат милиони луѓе.

Наследството меѓу митот и законот

Гласините дека Шупет наследила голем дел од богатството на дизајнерот се појавија веднаш по неговата смрт. Сепак, според луѓето кои денес се грижат за нејзиниот имиџ и живот, никогаш не била официјално потврдена ваква содржина на тестаментот.

Постои и важна правна пречка: францускиот закон не дозволува животните директно да наследуваат имот или пари, пишува српски „Еуроњуз“.

Франсоа Касот, долгогодишната домаќинка и доверлива личност на Лагерфелд, наводно и понатаму се грижи за Шупет во Париз. Иако околу тестаментот сè уште се водат расправи поради сложените даночни и правни процедури, реалноста веројатно е многу покомплицирана од сензационалните приказни за „најбогатата мачка на светот“.

И покрај тоа, Шупет останува едно од најпрепознатливите домашни миленичиња на планетата. Нејзината вредност не се мери само со парите што можеби ги добила или не ги добила, туку и со фактот што таа остана последното, најнеобично и можеби најчовечно поглавје во животната приказна на големиот Карл Лагерфелд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот