Пентагон / Фото: МИА

Висок советник на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет е суспендиран поради „протекување“ информации

Еден од главните советници на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, Ден Колдвел, денеска e суспендиран од Пентагон, откако истрагата за протекувањето на Министерството за одбрана покажа дека тој бил вмешан, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван функционер на Пентагон.

Функционерот вели дека Колдвел бил ставен на принуден одмор поради „неовластено откривање“ на информации, но повеќе детали засега не се познати, пишува агенцијата.

„Истрагата е во тек“, вели претставникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот