Висок процент на позитивни од бројот на тестирани во Кичево

Последните десетина дена во Кичево е забележливо, дека бројот на новозаболени од Ковид-19 во однос на тестирани е над републичкиот просек и се движи од 40 до 50 проценти од вкупниот број, што е речиси двојно повеќе од овој просек, потврди Неџат Балажи началник на оддел во кичевската Општа болница.

Во последните десетина дена, посочи Балежи, во кичевската Општа болница има благо покачување на бројот на новозаболени и повисок процент на оздравени.

– Но, загрижува фактот што од бројот на тестирани, висок е процентот на новозаболени, кој се движи помеѓу 40 и 50 проценти и е далеку над републичкиот просек. Така во изминатите два дена од 24 тестирани 11 беа позитивни завчера и вчера од 22 тестирани 10 беа позитивни, што е најдобра потврда за високиот процент на новозаболени во однос на тестирани граѓани, вели доктро Балажи.

Тој посочува дека деновите што се пред нас можат неповолно да се одразат врз бројот на новозаболените, бидејќи граѓанската недисциплина односно групирањето на помал простор на повеќе лица и неносење на заштитни маски, може негативно да се одрази врз бројот на новозаболени.

-И покрај олабавувањето на мерките од страна на Владата, нашите сограѓани треба да бидат свесни самите да се придржуваат кон протоколите, за да не се случи бројот на новозаболени нагло да порасне. Ако е кажано дека треба да работат отворените тераси на локалите, тоа треба да се практикува, но како што може да се забележи локалите работат речиси со полн капацитет. Исто така носењето на заштитни маски треба да биде задолжително а како што може да се забележи, добар дел од нашите сограѓани или не ја почитуваат оваа мерка и не носат заштитна маска или ја носат непрописно, додава Балажи.

Тој потсети дека моментално во модуларниот ковид центар во Кичево хоспитализиранни се 16 пациенти, од кои двајца со потешка клиничка слика и на кислородна подршка и, додаде дека во Кичево од почетокот на пандемијата до денес има заболено 2 461 граѓани, од кои 267 се активни случаи. Тој, очекува во текот на наредната недела, поточно по празниците, да пристигне нова пратка на вакцини и да продолжи имунизацијата во Здраствениот дом Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот