ВИРАЛНОТО ВИДЕО Ѝ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Мистериозната жена со прекрасен глас доби понуда снимање на песна
Бездомничката Емили Замурка (52) која се прослави благодарение на видео-снимка на интернет на која изведува оперска арија во метрото во Лос Анџелес, би можела да потпише договор со музичка куќа, пренесува „ТМЗ“. Според пишувањата на порталот, на Емили и е понуден договор за студиско снимање.
Препорачано
Музичкиот продуцент Џоел Дaјмонд изјави дека за сопранот од метрото подготвил понуда, со надеж дека ќе направи голем хит во класичната музика.
На крајот од септември на профилот на полицијата на Лос Анџелес се појави снимка на која бездомичка која стои во ходникот на метро-станицата и пее арија од италијанскиот композитор Џакомо Пучини. Видеото брзо започна да добива на популарност и во моментов има еден милион прегледи.
4 million people call LA home. 4 million stories. 4 million voices…sometimes you just have to stop and listen to one, to hear something beautiful. pic.twitter.com/VzlmA0c6jX
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 27, 2019
Според пишувањата на „Лос Анџелес тајмс“, пејачката е 52-годишната Русинка Емили Замурка, која емигрирала во САД на почетокот на деведесетите години од минатиот век. Според нејзините зборови, таа научила да пее имитирајќи оперски пејачи од телевизија.
Замурка кажала дека прво живеела во сојузната држава Мизури, работела во дом за стари лица и ресторани, а потоа се преселила во сојузната држава Вашингтон и започнала да дава часови по клавир во црква. Набрзо, поради здравствени и финансиски проблеми се нашла на улица. Од тогаш спие каде може и живее од социјална помош од државата која изнесува 400 американски долари месечно.
На почетокот, жената се исплашила кога полицаецот започнал да ја снима и го замолила никаде да ја објавува снимката. Меѓутоа, тој снимката ја објави на интернет и таа брзо се прошрири на социјалните мрежи. Пејачката брзо ја добила првата понуда за работа, а наскоро би можела да потпише договор за снимање на песна или цел албум.


