Виолетовата е дефинитивно нејзината боја: Кејт Мидлтон во никогаш подобро издание (ФОТО)

профимедиа

Војвотката од Кембриџ одлучила да ги замени монотоните комбинации со оние малку повесели.

37-годишната Кејт Мидлтон и овојпат изгледала одлично како и секогаш, но наместо посмирени тонови, се одлучила за оние малку повпечатливите.

Мидлтон се појавила на отворањето на една детска клиника и за таа прилика избрала здолниште со А крој и сако во виолетова боја.

профимедиа

Со оглед дека сме навикнати да ја гледаме во гардероба во која преовладуваат сивите тонови, оваа промена ги воодушеви модните критичари ширум светот.

Многумина се сложуваат дека впечатливите и светли нијанси одлично ѝ прилегаат и дека војвотката треба почесто да ги носи.

профимедиа

Иако излегла од својата рутина кога се во прашање боите на облеката, кројот на сакото и здолништето се одликувале со формалност која ја налага нејзината кралска титула.

профимедиа

А насмевката на нејзиното лице оддава колку Мидлтон уживала во оваа посета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот