Винаријата Камник освои два златни медали на светски вински натпревари

Carménère 2019 на Винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино. Оценувачите го опишаа Carménère 2019 како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница.

International Wine Challenge е признат како најригорозен, непристрасен и највлијателен годишен вински натпревар во светот. Ригорозниот процес на оценување на IWC подлежи на најмалку три одделни „слепи” дегустации при што секое вино се категоризира според доследноста на стилот, регионот и бербата.

Винарија Камник пред само неколку месеци го лансираше Carménère 2019 како прво вино во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, како и инстантниот успех на Carménère 2019, се открива Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта.

Златен медал, исто така, доби и Winemakers Selection 2019 на Frankfurt International Wine Trophy 2021. Winemakers Selection 2019 e црвено суво вино добиено со фузија на врвни сорти грозје од сопствените насади на винaријата Камник – Vranec, Merlot и Carmenere. Се одликува со комплексна арома, истакнат овошно-зачински карактер којшто потсетува на зрела цреша, дополнет со дискретни ванилински поттонови.

Реномето на Frankfurt International Wine Trophy, е изградено врз специфичен и строг метод на оценување. Меѓународната жири комисија е составена од експерти и искусни познавачи, а при оценувањето се користи скала за сензорна анализа според критериумите на Меѓународната организација за вино и винова лоза.

Винаријата Камник постои повеќе од 15 години и претставува синоним за динамична и модерна средина во која креативноста и науката создаваат современа експресија на автентичната македонска традиција на правење вино. Резултатот се вината на Камник, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот