Викендов паделот и забавата повторно ќе се спојат во Скопје
На 6 и 7 јуни, на падел терените лоцирани кај СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи третото издание на „Party & Padel“, кој воедно важи и за првиот падел турнир организиран во Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Настанот ќе започне во 11 часот со загревање организирано од Реформер студио, додека падел натпреварите стартуваат во 12 часот. Оваа година учество ќе земат 24 екипи кои ќе се натпреваруваат за награден фонд од 40.000 денари, од кои 25.000 денари се наменети за победничката екипа, а 15.000 денари за второпласираните.
Покрај спортскиот дел, „Party & Padel“ нуди и богата забавна програма. За музичката атмосфера ќе бидат задолжени четири диџеи – Ана Даниловска (DJ Aya), Андреј Савиќ (DJ Savikj), DJ Зоки Бејбе и DJ Иван Димитриев. Посетителите ќе можат да уживаат и во коктели, крафт пива, матча пијалаци, разновидна храна, како и поп-ап штандови на локални бизниси.

Главната цел на настанот е промоција на дружењето преку спортот, но и дополнителна афирмација на паделот, спорт кој во последните години бележи огромен раст низ Европа и светот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


